Бисер на Реал Мадрид ќе игра против МЗТ Скопје во АБА-лигата!

Еден од најталентираните европски кошаркари, Марио Накиќ, следната сезона ќе игра во АБА-лигата, откако потпиша тригодишен договор со босанска Игокеа.

Станува збор за голем бисер од младинската школа на Реал Мадрид, за која настапуваше од 2015 година. Накиќ потекнува од екипата на Земун, а потоа кус период настапуваше и за Партизан.

Синот на поранешниот кошаркар на црно-белите, Иво Накиќ, дебитира во Евролигата на 18-годишна возраст во дресот на „кралевите“, но потоа не се избори за место во првиот тим, по што настапуваше на позајмици во Остенде и Андора. За него се „тепаа“ селекциите на Шпанија и Хрватска, но тој реши да игра за Србија.