Беше еден од најдобрите тројкаши во НБА, а сега вози трактор и чува овци (ФОТО)

Некои спортски ѕвезди кога се во пензија уживаат во богатството стекнато за време на кариерата. Милионите ги трошат на најразличен начин. За патувања, бесни коли, скапи вили или инвестиции. 

Предраг Стојаковиќ е тотално различен пример од повеќето спортски милионери. Поранешниот српски кошаркар своевремено беше еден од најдобрите тројкаши во НБА-лигата, а сега има интересно хоби. 

Тој на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од неговата работа на село.

„Луѓето од град никогаш нема да разберат“, напиша Стојаковиќ.

Србинот вози трактор и чува овци на својот имот. Моментално фармерството е негова преокупација, далеку од раскошниот милионерски живот. 

Во својата кариера играше за Црвена Звезда, ПАОК, Сакраменто, Индијана, Њу Орлеанс, Торонто и Далас.