Бејби Шек „плаче“ како бебе: Прво ми командуваше мајка ми, па тренерите, а сега – жена ми!

Софоклис Скорцијанидис (35) е еден од најпознатите грчки центри, кој низ кариерата се пробиваше со своите огромни физикалии и скоро 200 килограми, поради што имаше прекар „Бејби Шек“, поради што помалку зачудува неговото последно интервју непосредно по објавата за заминување во пензија.

Џинот на новинарите им се пожали дека и покрај тоа што веќе е „пензионер“, со завиден кошаркарски стаж и успеси, сѐ уште никако да се „избори“ да биде газда, односно дека прво го командивала неговата мајка, па тренерите, а сега тоа го прави неговата сопруга.

„Првите 15 години од мојот живот мајка ми ми кажуваше што треба да правам. Во следните 20 тоа го правеа тренерите и јас морав да слушам. И кога помислив дека сум свој човек, сега тоа го прави мојата сопруга. Кога ѝ го кажав тоа, таа само ми се насмеа и ми кажа дека е шокирана што дури сега сум сфатил дека таа треба да му командува до крајот на животот“, вели популарниот Софо.

Скорцијанитис на македонската јавност ѝ е познат и по не така пријатните закани со смрт кон Перо Антиќ, искажани пред десетина години кога играше за Панатинаикос, а сегашниот прв човек на КФМ за Олимпијакос. Тогаш Бејби Шек беше револтиран на нашиот кошаркар и изјави дека би го убил, додека Антиќ изјави дека не му се лути и дека знае дека тоа е ефект, велејќи дека „добар е дебелкото“.