Американец од МЗТ Скопје е најкорисен кошаркар на колото во АБА-лигата!

Во своето второ деби во дресот на МЗТ Скопје, со оглед што првото му траеше само пет минути по што посериозно се повреди и паузираше еден месец, Деандре Кук одигра фантастичен меч во триумфот на аеродромци на домашен терен против Унион Олимпија.

Американскиот крилен кошаркар средбата ја заврши со 26 поени, пет скока и една асистенција, што му донесе 31 индексен поени и тоа за само 25 минути на теренот. Тој имаше трет најдобар учинок во колото, зад Хантер Хејл од Борац Чачак и Лука Божиќ од Задар, чии екипа загубија ова коло поради што Кук го доби вредното признание.

Американскиот кошаркар го пропушти вечното дерби против Работнички, за да се опорави повеќе од повредата на рамото поради која отсуствуваше уште од мечот против Партизан и да биде максимално подготвен за задутрешното гостување на „металците“ кај Морнар во Бар.