Академик премоќен: Кожув го запиша четвртиот пораз во БИБЛ!

Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, Кожув беше прегазен на гостувањето кај бугарски Академик Бултекс, кој триумфираше со 88-57.

Академик фантастично го отвори дуелот, па постојано ја зголемуваше предноста како изминуваше времето во првата четвртина, а на крајот ја доби со 27-14.

Во втората четвртина повторно Академик за нијанса беше подобар од Кожув и ја зголеми предност на +18 на полувреме (52-34).

Бугарите не запреа тука, па продолжија со доминацијата и ги добија и наредните две четвртини, па на крајот славеа со 88-57.

Васил Банчев од редовите на Академик беше најефикасен кошаркар на мечотсо 20 постигнати поени, додека кај Кожув најдобар беше Робер Луис Јуниор и Иван мисковиќ постигнаа по 12 поени.

Академик со денешниот триумф се искачи на првата позиција со девет освоени бодови, додека Кожув е четврти со шест бодови.