Тодоров и поранешен македонски селектор се во игра за предводник на Бугарија!

Поранешниот предводник на младинската репрезентација и шампион со МЗТ Скопје, Александар Тодоров, е еден од четворицата кандидати за нов селектор на Бугарија и тоа заедно со некогашниот прв човек на македонскиот национален тим, Србинот Јовица Арсиќ.

Источниот сосед остана со испразнета селекторска функција по одбивањето на досегашниот стратег, Љубомир Минчев да го продолжи договорот со федерацијата. Двајцата имаат долгогодишно искуство со работа во бугарската кошарка и одлично ги познаваат приликите во земјата во која овој спорт сериозно граби напред. Тодоров, кој во моментов работи во романска крајова, има балканска титула со Рилски спортист, а беше и тренер на Балкан како и советник во стручниот штаб на Левски Лукоил. Арсиќ пак долги години беше предводник на Лукоил Академик, а од од пред неколку дена е и тренер на новиот бугарски шампион Балкан.

Останатите двајца кои се во игра за нов селектор на Бугарија се актуелниот предводник на Левски Лукоил, Константин Папазов, како и тренерот на Рилски спортист, Људмил Хаџисотиров.