АБА останува иста: Грчките гиганти нема да „пливаат" на Јадранот!

Конечно беше одржана долгоочекуваното собрание на АБА лигата, која траеше повеќе од шест часа. Претседателот на лигата, Игор Додик соопшти дека не е изгласано продолжување на мандатите на директорите Крешомир Новосел и Жарко Чабаркапа. Исто така лигата нема да биде проширена, што значи дека нашиот МЗТ Скопје и следната сезона ќе треба да игра во АБА 2 лигата.

„По шест часа дискусии, завршено е собранието. За сега е договорено дека ќе се заостри дисциплинскиот правилник за да се избегнат ситуациите од овогодишното финале. Ставот на поголемиот дел на членовите е казните да бидат поригорозни. Лигата нема да се прошири, а тоа значи дека Олимпија ќе мора да игра во АБА 2 и следната година. Исто така нема да има место и за Олимпијакос и Панатинаикос. Двата грчки клуба не ја пратиле потребната документација, но е договорено на следниот состанок и тие да присусвуваат“, пренесува детали од собранието „Спортски журнал“