АБА без милост кон МЗТ Скопје, му ја потврди казната од 15.000 евра!

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, ќе мора да ја плати казната од 15.000 евра која му ја изрече АБА-лигата и да одигра еден натпревар пред празни трибини, откако Арбитражната комисија на регионалното натпреварување ја одби казната на „металците“.

Составот од Аеродром беше санкциониран за пропустите во организацијата на мечот против Сутјеска, кога имаше два прекини поради решението на судиите да се изразни прво дел од трибините, а потоа и цела сала. Сино-белите сметаа дека неправедно се ригорозно казнети и побараа намалување на екстремната санкција, но така не мислеа во АБА.

„Поради незадоволителна организација на мечот од 16. коло во АБА2 помеѓу МЗТ Скопје и Сутјеска, одигран на 15 јануари, МЗТ Скопје е казнет со еден натпревар како домаќин пред празни трибини и парична казна од 15.001 евро. Комисијата за Апелација составена од претседателот Боштјан Коритник, Крунослав Штенгл и Милован Звијер едногласно ја потврди одлуката на Саша Павличич – Бекиќ“, се вели во соопштението на АБА-лигата.

Тоа значи дека утрешниот дуел на аеродромци против Хелиос (19 часот) ќе мора да се одигра во празна сала.