За првпат во финале на НБА ќе играат два тима кои лани не се пласираа во плејофот

Мајами хит стана втор патник во големото финале на НБА-лигата, откако беше подобар од Бостон селтикс со 4-2 во финалната серија, додека претходно пласман обезбеди Лос Анџелес лејкерс.

Интересно е тоа што во финалето за првпат во историјата ќе играат екипи кои лани не успеале да се пласираат во плејофот на НБА-лигата.

Мајами минатата сезона заврши на 10. место на Истокот, додека Лејкерс исто така беа 10. позиција на Западот.