Во хеликоптерот биле Коби и ќерка му, како и нејзина другарка со татко ѝ!

Бејзбол тренер на колеџот Оринџ Коуст, Џон Алтобели и неговата ќерка, која била другарка на Џана Марија, ќерката на Коби Брајант се меѓу деветмината загинати во трагичната хеликоптерска несреќа во која загина НБА-легендата Коби Брајант, објавија американските медиуми.

Брајант со својата ќерка, нејзината другарка, татко ѝ, и пилотот се пет од деветмината загинати во големата трагедија, откако се урна хеликоптерот после 13 минути од полетувањето во близина на Лос Анџелес.

Според информациите, Коби Брајант и останатите патници патувале кон Академијата на легендарниот кошаркар „Мамба Академија“, во која играла неговата ќерка Џана, како и другарка ѝ која исто така настрадала со својот татко во хеликоптерската несреќа.

Првично, се шпекулираше со бројка од пет загинати, но американската полиција на прес-конференцијата која заврши предмалку, соопшти дека во хеликоптерот имало девет лица.