Вилијамсон залепи „банана“ и ја испрати топката во 20-ти ред (ВИДЕО)

Зајон Вилијамсон продолжува да импресионира во своите први два натпревари во НБА-лигата. 

Кошаркарот на Њу Орлеанс утринава постигна 15 поени за 21 минута игра во поразот од Денвер пред своите гледачи со 113-106. Најспектакуларниот потег го направи во одбрана, кога залепи „банана“. Како да играше одбојка, бидејќи ја испрати топката во 20-тиот ред на трибините.