Вестбрук по 11 години си заминува од Оклахома

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Расел Весбтурк би можел да ја напушти Оклахома по 11 години, а како следен клуб во неговата кариера се споменува Мајами.

Мајами се надева дека ќе може Вестбрук да заигра заедно со Џими Батлер, па така тие би добиле дополнителен квалитет во екипата.

Вестбрук не сака да губи време, па не ги разгледувал ниту останатите понуди, односно таа од Чикаго, па најверојатно наскоро ќе потпише за Мајами.