Вестбрук не може сам, Мекалум херој на Портланд (ВИДЕО)

Во ноќта помеѓу неделата и понеделник беа одиграни четири натпревари, а на три од нив славеа домашните екипи.

Единствената гостинска победа ја забележа Њујорк кај Далас, кој предводен од одличниот Кристапс Порзингис славеше со 100-96.

Репрезентативецот на Летонија беше најефикасен со 20 поени и осум скока, а го следеше Енес Кантер со дабл-дабл учинок од 13 поени и осум скока. Во поразениот тим најмногу се истакна Херисон Барнс со 25 поени и седум скока.

Фантастичниот Расел Вестбрук го забележа и 93-от трипл-дабл во кариерата, но ниту тоа не ѝ беше доволна на Оклахома да го совлада Феникс, кој на свој паркет славеше со 114-100.

Гостите имаа предност на самиот старт, но санси на крајот на првиот квартал направија пресврт и до крајот не го испуштија водството. Девин Букер со 26 поени и Ворен со 23 беа најдобри кај Феникс, а Вестбрук постигна 27 поени, надполнети со 11 асистенции и десет скока.

Возбудливо беше на мечот помеѓу Портланд и Сан Антонио, каде домаќините славеша со 111-110. Херој беше Џеј Мекалум, кој на шест секунди пред крајот ѝ донесе победа на својата екипа, а на спротивната страна Ламаркус Олдриџ во последната секунда промаши шут за победа.

Резултати:

Далас - Њујорк 96-100
Феникс - Оклахома 114-100
Портланд - Сан Антонио 111-110
ЛА Лејкерс - Атланта 132-113