Величенствениот Дончиќ – само 9 големи легенди од НБА имале ваква статистика!

Словенечкото чудо од дете, Лука Дончиќ ја воодушевува НБА со своите досегашни настапи како дебитант во најсилната кошаркарска лига на светот, па само повредите може во моментов да го спречат да не биде прогласен за – дебитант на сезоната.

Дончиќ досега одигра 24 меча, а иако е рано да се прави резиме на сезона, неговата импресивна статистика од 18,2 поени, 6,5 скокови и 4,5 асистенции го ставаат во редот на најголемите и најславните имиња во НБА со ваква статистика. Далас Маверикс со Дончиќ напредна, па сега е на граница за плејоф и нема сомнение дека Мавс ќе се борат до крај за да стигнат во разигрувањето.

И сега прво прашање преку барата е дали Дончиќ ќе успее да ја задржи оваа импресивна статистика. Како игра, многумина веруваат во тоа, а ако го оствари тоа, ќе биде само десеттиот кошаркар во НБА кој успеал во дебитантската сезона да има просек од 18 поени, 6 скокови и 4 асистенции .

Пред Словенецот тоа го направиле Грент Хил, Мајкл Џордан, Лери Брд, Меџик Џонсон, Алван Адамс, Сидни Викс, Карим Абдул Џабар, Оскар Робертсон и Елгин Бејлор. Интересно, го нема Леброн Џејмс, кој во својата деби сезона имал повеќе поени (20,5 во просек) и асистениции (5,9), но помалку скокови во однос на Дончиќ.