Вејд ги демантираше шпекулациите: Пензиониран сум!

Двејн Вејд ја заврши кошаркарската кариера и нема намера да се врати на теренот како професионален играч. 

Една негова изјава предизвика многу реакции во јавноста и дека тој наводно ќе ја продолжи кариерата и тоа во Лос Анџелес лејкерс, кај неговиот најдобар другар Леброн Џејмс. Тој најави дека ќе биде присутен на многу натпревари и дека ќе му помага на Џејмс на тренинзите.

„Дефинитивно ќе ме гледате на натпреварите. Ќе бидам таму да му помагам на Леброн во подготовка на натпреварите, ќе тренираме. Сакам да останам во спортот и да бидам инволвиран што е можно повреќе“, рече Вејд.

Веднаш почнаа и шпекулациите дека тој би можел да потпише договор со Лејкерс, но поранешниот шампион веднаш ги демантираше шпекулациите на „Твитер“ и уште еднаш потенцираше дека е пензионира.