Убедлива победа на Далас против Феникс, нова партија за Дончиќ со над 30 поени (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, овојпат на домашен терен над Феникс со 130-111, Словенецот повторно беше на своето високо ниво.

Далас по подолго време врза две победи, по триумфот над Њујорк, сега го победија и одличниот состав на Феникс.
 
Од почетокот на сезоната Лука Дончиќ игра во МВП форма, таков беше и синоќа кога на Феникс му даде 33 поени и беше најзаслужен за триумфот на Далас. За Словенецот ова беше 17. меч оваа сезона како постигнува над 30 поени, во 22 одиграни натпревари. 
 
Најефикасен во составот на Феникс беше Ајтон со 20 поени, скромен учинок имаше Букер, само 11 поени.
 

 
Резултати:
 
Шарлот - ЛА Клиперс 117:119
Орландо - Милвоки 102:109
Атланта - Оклахома 114:121
Торонто - Бостон 110:116
Хјустон - Филаделфија 132:123
Мемфис - Мајами 101:93
Далас - Феникс 130:111
Голден стејт - Индијана 104:112