Уапсен кошаркар на Бруклин: Се заканил дека ќе се самоубие, па ја претепал девојка му!

Кошаркарот на Бруклин нетс, Родионс Куруц беше уапсен поради напад на неговата девојка, кој се случил во јуни.

„Њујорк Дејли њуз“ објави дека кошаркарот во јуни ја нападнал својата поранешна девојка, откако тие се скарале, по што Куруц се заканил дека ќе се самоубие, а потоа почнал да ја тепа девојката.

Прво со раце ја давел, а потоа ја фрлил на кревет, по што ѝ удрил два шамари и ја гризнал за усни.

Девојката ги повредила ребрата, но случајот го пријавила во полицијата, која на крајот го уапсила кошаркарот.