Триумфалната серија на Клиперс заврши кај Далас, Паркер влезе во историјата (ВИДЕО)

Иако не можеа да сметаат на Лука Дончиќ тоа не им посмета на Маверикс да ја прекинат серијата на победи на ЛА Клиперс (114:110).

Жешкиот терен во Тексас уште еднаш се покажа како неосвоив за фаворитите кои им гостуваат на сезонава одличните Маверикс. Дури и во отсуство на својата млада ѕвезда Дончиќ, кој што е еден од најдобрите играчи, Далас го зеде скалпот на моментно водечкиот тим на Западот, ЛА Клиперс, со 114:110.

Во неизвесниот натпревар, ниту една од екипите немаше повеќе од девет поени предност, а решавачка за тирумфот беше серијата на Далас во завршните 35 секунди. Далас комплетно ги натскока Клиперс (64-44), а со 30 поени лидер во победата беше Харисон Барнс. Резервистот Џеј Џеј Бареа постигна 24 поени.

После два порази по ред, Сан Антонио беше подобар од Портланд (131:118). Со помош на 36 поени кои дојдоа од Демар Дерозен и 29 од Ламаркус Олдриџ. На другата страна Демиан Лилард постигна 37, заедно со десет асистенции, а Си Џеј Мек Калум го следеше со 24.

Њу Ореланс забележа гостинска победа кај Шарлот од 119-109. Ол-стар ѕвездата на „Пеликанс“, Ентони Дејвис средбата ја заврши со 36 поени. Тони Паркер не можеше да направи многу за да спречи пораз на неговиот тим, но забележа пет асистенции и со тоа се проби на 18. мето на вечната листа најдобри додавачи.

ЛА Лејкерс победија против Феникс со 120:96, Мајами ја совлада Јута со 102:100, додека единствената гостинска победа ја забележа тимот на Њу Орлеанс против Шарлот со 109:119.

Резултати:

ЛА Лејкерс- Феникс 120-96
Шарлот – Њу Орлеанс 109-119
Мајами – Јута 102-100
Филаделфија – Мемфис 103-95 
Далас – ЛА Клиперс 114-110
Сан Антонио – Портланд 131-118