Трипл-дабл за Јокиќ против Милвоки, нов пораз на Лејкерс (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи, а синоќа стигна до нов трипл-дабл во победата на Денвер нагетс против Милвоки бакс од 128-97.

До третата победа по ред Денвер стигна полесно од очекуваното, а Јокиќ за 36 минути поминати на паркетот постигна 37 поени, 11 асистенции и 10 скокови, додека на другата страна најдобар беше Јанис Антетокумпо со 27 поени.

Феникс санс го изненадија актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс и го совладаа со 114-104 со што го скокнаа на втората позиција во Западната конференција.

Леброн Џејмс постигна 38 поени, но тоа не беше доволно а шампионот да се спаси од нов неуспех.

Останати резултати:

Вашингтон – Мемфис 111-125
Бостон – Клиперс 117-112
Мајами – Атланта 80-94
Сан Антонио – Њујорк 119-93