Третпат ја прави истата глупост: Кари исклучен поради бизарен прекршок (ВИДЕО)

Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, предвреме ја заврши ноќешната средба против Мемфис гризлис, откако беше исклучен пред самиот крај поради бизарна грешка.

Тој на 74 секунди до крајот мораше присилно во соблекувалната, по нервозното фрлање на штитникот за заби при враќањето во одбрана, а револтиран поради грешката на – соиграч. Кари не успеа да им објасни на судиите дека неговиот гест не бил поврзан со нивна одлука, но сето тоа беше попусто, што за среќа не влијаеше врз триумфот на „воините“ со 122-120.

Ова е трето исклучување за фантастичниот бек-шутер во 14-годишната НБА кариера и секој пат поради иста работа, фрлање на штитникот на заби.