Тренерот на Далас импресиониран од Дончиќ: Не знам од која планета доаѓа!

Тренерот на Далас, Рик Чарлис, не може да поверува каков играч има во своите редови, а тоа се однесува на словенечкиот вундеркинг - Лука Дончиќ, кој сезонава игра феноменално во НБА лигата.

Инаку, Лука Дончиќ го предводеше својот тим до нова победа, овој пат против Њу Орлеанс со 118-97, поради што доби пофални зборови од својот тренер.

Искрено, не знам од која планета доаѓа, но ова што го прави е феноменално, истакна Чарлис.

Словенецот сезонава игра одлично, а во последниот месец бележеше во просек по 33 поени и 18 скокови, поради што ја доби наградата за најдобар играч на месезот во Западната конференција. Исто така Дончиќ дојде до бројката од 600 поени во НБА лигата, нешто што до сега му успеало само на Леброн Џејмс, кога се во прашање кошаркари до 21 година.