Трагедијата ја гледаат како можност за заработка: Продадена фотографија со ликот на Коби за 50.000 долари! (ФОТО)

Од трагедијата во која загина легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант, поедини лица заработија многу пари.

Интернетот е преплавен од многу артикли кои се продаваат на аукција, а цените за истите се енормно високи.

„ТЗМ“ дојде до контакт со еден од продавачите, кој заработил 50.000 долари на фотографија со ликот на Коби. Пред НБА ѕвездата да погине во хеликоптерска несреќа, истата фотографија чинела 2.500 долари, но цената по неговата смрт драсточно се зголемила и истата била продадена за 50.000 долари.

Исто така се продава и неговиот потпишан дрес од сезоната 2004/05, чија вреднос на аукција засега изнесува 10.000 долари, иако неговата цена до пред неколку дена изнесуваше 6.000. Но, се очекува сумата од 10.000 долари драстично да се зголеми во наредните неколку часа.