Трагедија во Лос Анџелес: Убиен таткото на поранешна НБА-ѕвезда

Таткото на поранешната НБА-ѕвезда, Ричард Џеферсон, е убиен денеска во Лос Анџелес.

Таткото стоел пред една продавница, а тогаш се појавило непознато лице во автомобил и почнало да пука кон продавницата.

За жал, на патот им се нашол и 65-годишниот татко на НБА-ѕвездата, па бил застреален неколкупати, а иако бил за кратко време префрлен во болница, сепак немало спас.

Уште не е познато дали тој бил мета на убиецот, но полицијата работи на расчистување на случајот.

Инаку, Џеферсон има играно за Сан Антонио, Голден Стејт, Јута, Далас, а со Кливленд ја освои титулата во 2016. година.