Тони Паркер заминува од Сан Антонио по 17 години!?

Кошаркарот на Сан Антонио, Тони Паркер, е еден од најдобрите европски играчи кои играле во НБА лигата, а сега најави дека може ќе го напушти тимот.

Иако е блиску до крајот на кариерата, со оглед на тоа дека Французинот има 36 години, кошарката засекогаш ќе остане во неговото срце.

„Многу дадов на Сан Антонио, но тие мене уште повеќе. Во тимот сум 17 години и би сакал пред пензија да заиграм во некој друг тим. Не знам дали ќе го направам тоа. Не сум за во пензија во моментов, сакам да одиграм барем уште три сезони во НБА, пред да се пензионирам. Сигурен сум дека ќе се занимавам со кошарка и по крајот на кариерата“, вели Паркер.

Паркер зад себе ја има најлошата сезона, откако е во Америка, бидејќи во просек има само 7,7 постигнати поени и 3,5 асистенции за 19,5 минути на теренот.