Тјери Анри на босански јазик му посака побрзо оздравување на Јусуф Нуркиќ! (ФОТО)

Хорор-повредата на босанскиот кошаркарски репрезентативец Јусуф Нуркиќ на синоќешната средба на Портланд против Бруклин ги обедини речиси сите светски спортисти, кои од минута во минута изразуваат зборови за поддршка на „Ѕверот од БиХ“ кој ептен лошо ја скрши левата нога.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Budi hrabar, nedaj se, želim ti brz oporavak @bosnianbeast27

A post shared by @ thierryhenry on

Еден од тие што упатија зборови на утеха е и поранешниот француски фудбалски ас, Тјери Анри, кој, интересно, поддршката ја искажа на босански јазик.

„Биди храбар, не се давај. Ти посакувам брзо опоравување“, напиша Анри.

На објавата на Анри веднаш се појавија и непримерни коментари поврзани со негирањето на босанскиот јазик, но тоа не пречеше повеќе од 16.000 луѓе досега да го „лајкнат“ тоа што го напиша Французинот.