Тинејџери се исмејуваат со смртта на Коби Брајант! (ВИДЕО)

Факт е дека родителите мораат да внимаваат на своите деца за тоа што објавуваат на социјалните мрежи. Најдобар доказ за тоа е видеото кое го обајвија неколку тинејџери на „ТикТок“. Триото го одглуми пилотот, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, имитирајќи ја хеликоптерската несреќа, притоа цело време се смееја.

Видео насловено како „Падот на хеликоптерот“ беше објавено само неколку часа по ужасната несреќа во која, покрај споменатите тројца, загинаа уште шест лица.

Видеото е отстранено релативно брзо, пред се поради бројните коментари и пријави за говор на омраза, но истото беше прегледано повеќе од 60.000 пати.