Теодосиќ доби „корпа“ од европски гигант: Србинот останува во НБА?

Милош Теодосиќ чека евентуална понуда од НБА-лигата, откако неколку европски гиганти ги отфрлија шпекулациите дека имаат план да го ангажираат српскиот кошаркар.

Првата опција, која ја има Теодосиќ е малку веројатна, а тоа е ако некој од НБА-тимовите до сабота му понуди договор, тогаш ќе остане во најсилнат алига во светот.

Претходно се појавија шпекулации дека го сакаат Анадолу Ефес, Макаби Тел Авив, но и ЦСКА Москва, каде што настапуваше во период од 2011 до 2017 година, но очигледно такво нешто нема да се случи.

„Не сме разговарале за враќање на Тодосиќ во ЦСКА. Нашиот тим е комплетиран. Па, така е најдобро да се разговара со Милош, кој ќе ви каже што планира во неговата иднина“, им порачаа на новинарите од рускиот клуб.