Телефонски повик меѓу Дурант и Томпсон може да ја промени судбината на Голден Стејт

Откако синоќа беше објавено од страна на „ЕСПН“ дека Голден Стејт вориорс подготвува максимални петгодишни договори за Кевин Дурант и Клеј Томпсон, кои се повредија во финалето кадешто славеше Торонто, денеска американските медиуми ни носат нови интересни информации за поранешниот НБА-шампион.

Тие потсетуваат на момент од пред три сезони кога Голден Стејт загуби од Кливленд кавалирс, по што Дрејмонд Грин направил повик кој ја сменил судбината на Вориорс. Тогаш тој му се јавил на Дурант, со кој немал посебен однос, а веднаш штом се јавил, тој знаел дека не може да го совлада моќниот тим кој го преводел Леброн Џејмс.

Дурант пристигна во клубот и тие успеаа да направат моќна екипа, па освоија две титули по ред, па станаа прва франшиза затоа што стигнаа до три трофеи во четири НБА-сезони.

Нешто слично би можело да се случи сезонава. По поразот од Торонто, Дурант од болничкиот кревет му се јавил на Томпсон од Њујорк, кадешто се рехабилитира, па тој го охрабрувал дека треба да се вратат и имаат незавршена работа.

И додека следната сезона Вориорс тешко ќе ја освои титулата, посебно откако Дурант ќе ја пропушти речиси цела сезона, а Томпсон ќе паузира шест месеци, но сепак тие двајца се охрабрувале дека може да се вратат порано и да му помогнат на својот тим да освои уште еден трофеј во НБА-лигата.