Светот конечно го виде Вилијамсон: Дебитираше со 22 поени и пораз (ВИДЕО)

Првиот пик на драфтот во НБА-лигата, Зајон Вилјамсон конечно го имаше своето деби по повредата на коленото пред почетокот на сезоната. 

Младиот кошаркар постигна 22 поени, од кои дури 17 во последната четвртина, но тоа не беше доволно да му донесе триумф на својот Њу Орлеанс, бидејќи Сан Антонио славеше со 121-117. Минутажата на Вилјамсон беше лимитирана на 18 минути по барање на докторите, па тој не можеше да му помогне на тимот во последните решавачки моменти. Брендон Инграм исто така имаше 22 поени кај Пеликанс, додека во таборот на Спарс најмногу се истакна Ламаркус Олдриџ со 32 поени и 14 скока.

Хјустон ја прекина губитничката низа од четири натпревари со триумф против Денвер од 121-105. Расел Вестбрук со 28 поени и 16 скока и Џејмс Харден со 27 поени ги водеа Рокетс со победата, додека на спротивната страна Никола Јокиќ го забележа својот осми трипл-дабл сезонава со 19 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Леброн Џејмс полека се доближува до третото место на Коби Брајант како најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата. Со синиќешните 21 поен во победата над Њујорк Никс од 100-92, на кошаркарот на Лејкерс му требаат уште 44 за да го стигне легендарниот Брајант. Ентони Дејвис беше најзабележителен во триумфот во „Медисон сквер гарден“ со 28 поени. Маркус Морис постигна 20 поени за Никс. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит - Сакраменто 127-106
Орландо - Оклахома 114-120
Торонто - Филаделфија 107-95
Атланта - ЛА Клиперс 102-95
Бостон - Мемфис 119-95
Мајами - Вашингтон 134-192 пп
Чикаго - Минесота 117-110
Феникс - Индијана 87-112
Голден Стејт - Јута 96 - 129