„Судењето беше прецизно како јас кога играм пикадо по шест чаши виски“ (ФОТО)

Лос Анџелес Лејкерс избори големо финале во НБА-лигата, откако го совлада Денвер нагетс со 117-107 во петтиот меѓусебен дуел, но неколку ситуации на натпреварот ја „запалија“ американската јавност.

Многумина сметаат дека судиите носеле одлуки во корист на Лејкерс и ги заштитувале Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, додека го напаѓале Никола Јокиќ со лични грешки, а овој судиски критериум ги налути американските новинари.

Новинарите дискутираа за тоа што се случуваше на мечот и сите се сложија дека Денвер биле оштетени од судиите, а еден од нив имаше урнебесен коментар.

„Судењето беше прецизно како јас кога играм пикадо по шест чаши виски“, напиша Ти-Џеј МекБрајд.