Стив Кер, тренерот на Голден стејт, има најнов метод на работа во кој тренерската палка им ја дава на играчите. Синоќа во натпреварот со Феникс, во еден момент таблата за цртање ја зеде Андре Игуодала и почна да им објаснува на своите соиграчи како да играат. Победија со 129-83, така што ова очигледно функционира.