Стеф Кари со истиот стајлинг од неговиот прв Ол-стар во 1992 година (ФОТО)

Стеф Кари учествуваше во натпреварот на шутирање тројки на НБА Ол-старот што се одржува во Шарлот. 

Бидејќи кошаркарот на Голден Стејт не победи, еден друг момент го привлече вниманието на јавноста. Тој пред натпреварот се појави облечен во интерeсна ретро-тренерка. Потоа на социјалните мрежи сподели фотографија од 1992 година и Ол-стар натпреварот во Солт Лејк сити, кога тој седи во скут на неговиот татко Дел Кари, кој во тоа време играше за Шарлот хорнетс и исто така беше дел од собирот на сите ѕвезди.

Кари голем дел од детството помина во Шарлот, па сакаше да се потсети на својот прв Ол-стар викенд во 1992 година, кога имал само три ипол години.