Стеф Кари погоди за победа со сирената, историја зачинета со пораз за Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт вориорс потешко од очекувањата дојдоа до триумф во ноќешната пресметка против Хјустон рокитс (105-103), за што најзаслужен беше фантастичниот Стеф Кари.

Извонредниот бек на „вориорси“ ја презеде одговорноста во последниот напад и со звукот на сирената погоди за голема радост на соиграчите и навивачите. Составот од Оукленд доминираше во речиси целиот меч, но дозволи еден од најлошите тимови во НБА во финишот дури и да им го загрози триумфот. Но, шутерската машина на Г. Стејт не го дозволи тоа, завршувајќи ја средбата со 22 поени и 12 асистенции. Вуд со 19 поени и 15 скока беше најпрецизен кај „ракетите“.

Никола Јокиќ, пак, кој знае по кој пат влезе во историјата на Денвер нагетс, но и покрај тоа без насмевка на лицето го напушти паркетот со оглед на поразот на неговиот тим во дуелот со Шарлот хорнетс (118-122). Србинот средбата ја заврши со 26 поени, 11 скока и 12 асистенции, со што стана прв кошаркар на „грумењата“ кој остварил трипл-дабл на четири средби по ред. Неговата партија, сепак, ќе остане во сенка на блескавото издание на Џа Морант на спротивната страна, кој постигна 38 поени со по шест асистенции и скока.

Двоен ефект во три статистички категории имаа и Џејмс Харден и Дејонте Мареј на мечот меѓу Сан Антонио спарс и Бруклин нетс (102-117), во кој популарната Брада имаше учинок од 37 поени, 11 асистенции и 10 скока. На спротивната страна, Мареј уфрли 25 поени со 12 скока и 10 асистенции. По педесетката завчера против Орландо меџик, ново шоу приреди и Џоел Ембид со 40 поени во поразот на Филаделфија севентисиксерс против Лос Анџелес Клиперс (101-102).

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Оклахома 121-98, Орландо – Л.А. Лејкерс 105-116, Филаделфија – Л.А. Клиперс 101-102, Атланта – Мајами 110-108, Бостон – Портланд 105-109, Милвоки – Чикаго 94-90, Вашингтон – Торонто 105-109, Сан Антонио – Бруклин 102-117, Денвер – Мемфис 118-122, Јута – Детроит 111-101, Голден стејт – Хјустон 105-103.