Стеф Кари е вонземјанин – од кош на кош погоди пет пати по ред (ВИДЕО)

Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, кој со години наназад важи за еден од најдобрите шутери во НБА, на еден од последните тренинзи направи нешто со што само ја потврди тезата дека најверојатно не е од оваа планета.

Плејмејкерот на „воините“ направи нешто за што многумина мислат дека може да е монтажа, а тоа да постигне неколку коша во серија со шут од – кош на кош.

Кари четири пати погоди без коски и опуштено го напушти тренингот, оставајќи ја јавноста да дебатира дали вакво нешто е реално или мора да има некоја позадина во вид на видео-монтирање на неговите удари.