Балканска НБА-војна: Дончиќ заби крвнички, Јокиќ врати со кош за победа (ВИДЕО)

Екипата на Денвер нагетс дојде до значајна победа во битката за подобра стартна позиција во плејофот во НБА, откако синоќа, на домашен терен, со кош во последната секунда го совлада тимот на Далас маверикс (100-99).

Егзекутор на кошот за триумф беше нивниот најдобар поединец, Србинот Никола Јокиќ, кој на чудесен начин, од свртување, успеа да ја протне топката низ противничкиот обрач. За него ова беше еден од полошите натпревари, со оглед што реализира само 11 поени со 14 скокови и осум асистенции, но беше вистински кога најмногу требаше – во финишот.

„Добрите екипи победуваат дури и кога играаат лошо. Беше тешко, постојано имавме проблеми, но на крајот се консолидиравме и успеавме. Во последните секунди размислував само на тоа како да дојдам до подобра позиција. За среќа, топката влезе во кошот“, изјави Јокиќ по средбата.

На Далас не му помогна ниту одличната партија на Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со 24 поени, 11 скока и девет асистенции, кој имаше спектакуларно забивање пред неговиот балкански колега да го реши натпреварот со звукот на сирената. Денвер сега е втор во Западната конференција со скор 45-22.

РЕЗУЛТАТИ: Индијана-Оклахома 108-106, Орландо-Кливленд 120-91, Бостон-Сакраменто 126-120, Торонто-ЛА Лејкерс 111-98, Јута-Минесота 120-100, Денвер-Далас 1000-98.