Србите се тешат: Јокиќ не блескаше, ама барем му „продаде“ баскет финта на Леброн! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, синоќа и официјално стана првиот Србин кој по пауза од 15 години настапил на олстар-средбата во НБА, како наследник на легендарниот Предраг Стојаковиќ.

Тој доби скромни 13 минути, за кои постигна шест поени и девет скока. Неговиот начин на игра, кој се базира на луцидноста и корисноста, а не на сировата сила и атракција, е причина што некако не успеа да се снајде, иако имаше неколку потези кои беа забележани и во видеата со исечоци од најдоброто на спектаклот во Шарлот. Тој дури успеа и да ја забие топката, иако неодамна изјави дека често користи „флоутери“ бидејќи не може да забие, а успеа да комплетира одлично „тачдаун“ додавање од Јанис Антетокумпо.

Српските медиуми, пак, се тешат дека можеби Јокиќ не блескал, но барем успеа да му продаде баскет финта на големиот Леброн Џејмс. Кошаркарот од Сомбор во една борба за топката успеа да го „зезне“ Кралот и да изнуди аут за својот тим, со што предизвика задоволство кај фановите во земјата од каде што доаѓа.