Србите се смешкаат: Американците првпат загубија по 13 години и 78 победи по ред

Репрезентацијата на Австралија ноќеска ја оствари најголемата победа во кошаркарската историја, откако во пријателски меч во Мелбурн ја совлада селекцијата на САД (98-94), најавувајќи вмешување во борбата за златниот медал на претстојното Светско првенство (СП) во Кина.

Да преполниот „Марвел“ стадион пред повеќе од 52.000 гледачи, популарните „бумерси“ им го нанесоа првиот пораз на Американците по цели 13 години односно им ја прекинаа серијата од 78 победи по ред. Најзаслужен за тоа беше Пети Милс, пуленот на селекторот на САД, Грег Попович во тимот на Сан Антонио спарс, кој средбата ја заврши со 30 постигнати поени. Тој ги постигна клучните десет поени во последните три минути со кои дефинитивно беше скршен отпорот на фаворитот.

Овој резултат од Мелбурн сигурно донесе насмевки и во репрезентацијата на Србија, која во моментов е прв фаворит за шампионската титула на Мундобаскетот по големиот број откази на најголемите американски ѕвезди.