Јокиќ со нов трипл-дабл, ама и со додавање „сам на себе“ од - табла! (ВИДЕО)

Двете најголеми кошаркарски ѕвезди на просторот на поранешна СФР Југославија, Словенецот Лука Дончиќ и Србинот Никола Јокиќ, наизменично ги воодушевуваат навивачите со своите мајстории и маестрални партии во дресовите на Далас маверикс односно Денвер нагетс.

Синоќа, ред беше на Јокиќ да блеска, што и го направи во триумфот против ЛА клиперс (121-100), во кој придонесе со нов трипл-дабл ефект со 18 поени, 14 скока и 10 асистенции. За „нагетси“ ова беше 28. победа сезонава со која остануваат на врвот во Западната конференција, додека за српскиот интернационалец 21. ваков учинок во кариерата, а петти сезонава.

Покрај одличните бројки, Јокиќ предизвика овации од трибините со неколку луцидни потези како што беа асистенцијата „сам на себе“ од табла како и додавањето преку цел терен.

РЕЗУЛТАТИ: Мајами – Бостон 115-99, Денвер – ЛА Клиперс 121-100, С. Антонио – Оклахома 154-147 (прод), Сакраменто – Детроит 112-102.