Србинот Јокиќ направи нешто што само на легендарниот Вилт Чембрлен му успеало (ВИДЕО)

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ се запиша во историјата на НБА-лигата, зошто стана само вториот играч во најсилната кошаркарска лига на кој му успеа да запише трипл-дабл ефект без промашување од игра.

Јокиќ бескаше за својот Денвер против Феника (119-91) и даде 35 коша, имаше 12 скока и 11 асистенции, а не загуби ниту една топка за 30-на минути игра. Не промаши нуту еднаш од поле, имаше стоотстотни 11 од 11, од кои три тројки, а единствено промашување му беше од линијата за слободни (шутираше 10/11).

Вакво нешто досега имал само легендарниот Вилт Чембрлен и тоа во 1967 година.