Србин станува убедливо најплатен спортист на Балканот!

Српскиот центар Никола Јокиќ го продолжи договорот со Денвер на уште пет години во кои ќе инкасира 146 милиони долари.

Јокиќ во минатата сезона за Денвер одигра 75 натпревари на кои забележа 18 поени, 11 скока и шест асистенции по натпревар.

Центарот од доаѓањето во најсилната лига на светот за тимот од Колорадо одигра 228 натпревари на кои во просек бележеше 15 поени, девет скока и четири асистенции.

Јокиќ годишно ќе заработува 30 милиони долари и така ќе стане најплатениот балкански спортист.