Србија доби огромно засилување: Јокиќ ќе игра на СП во Кина

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Никола Јокиќ денеска потврди дека ќе настапи за српската репрезентација на претстојното Светско првенство во Кина. 

Ова значи дека нашиот северен сосед веднаш добива статус на кандидат за медал, а Србите се надеваат дека овој потег на Јокиќ ќе ги инспирира и останатите ѕвезди да играат за националниот тим на Мундијалот.

„Многу сум задоволен од она што го постигнав изминатата сезона во НБА. Имав одлична година во која настапив на Олстарот и бев избран во првата петорка во лигата. За мена круна на сезоната би бил медал од Србија на Светското првенство, што знам дека можеме да го освоиме. Потполно сум подготвен да го дадам максимумот да го направиме тоа“, изјави Јокиќ за српските медиуми.