Спектакл во најава: Кајри Ирвинг би може да игра за тим од Евролигата!

Еден од најдобрите кошаркари во НБА во последните години, Кајри Ирвинг, би можел следната сезона наместо во најсилната лига во светот да настапува во Евролигата, откако се соочува со нова забрана за настап бидејќи не е вакциниран.

Државата Њујорк најавува враќање на забраната за влез во затворен простор без сертификат за вацинација, нешто што кошаркарот на Бруклин нетс нема намера да го добие, па веќе размислува за други опции.

„Ја одиграв својата 12-та сезона во НБА, од година во година сум се подобар и ќе уживам во секој момент, без да размислувам за повлекување. Кога ќе дојде времето да си заминам од НБА, ќе настапувам од другата страна на океанот и ќе ги учам младите играчи на сето она што оние постарите ме имаат научено мене“, изјави Ирвинг.

Фантастичниот бек е роден во Мелбурн и секогаш постои опција за преселба во Австралија, но многу пореално е да се очекува негова преселба во Европа, секако кога ќе дојде моментот да си замине од САД. За да дојде до договор со некој евролигашки тим, Ирвинг секако ќе треба да прифати далеку помала плата со оглед што да се соберат сите евролигашки тимови заедно пак нема да може да му исплатат 33,3 милиони долари, колку што заработи минатата сезона во таборот на „нетс“.