Сопругата на Коби е скршена од болка: Не може да зборува без да заплаче...

Трагичната несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана Марија и уште седум лица го потресе цел свет, а моментот беше најболен за Ванеса и останатите три ќерки.

Ванеса го загуби својот сопруг, но и ќерка, па семеен пријател открива за „Њујорк пост“ дека таа не може да каже ниту збор без да заплаче.

„Сега мора да биде најсилна. Добро се држи поради своите три деца. Се труди на секој начин да им го олесни тажниот момент на ќерките. Не е сама, но уште долго ќе тагува“, открива нејзин пријател.