Смеење до солзи: Нуркиќ ги учи соиграчите од НБА да зборат на босански јазик (ВИДЕО)

Атмосферата во соблекувалната на Портланд трејлблејзерс во минатата сезона беше фантастична, а една од причините за тоа е веселиот дух на босанскиот интернационалец, Јусуф Нуркиќ.

Тој постојано има идеји како да направи да им биде интересно, а една од нив е и видеото во кое тој ги учи да изговараат зборови и фрази на босански јазик. Нормално, епилогот е смеење до солзи, со многу скршени јазици.