Сите атракции од Шарлот: Ѕверот од Грција скокна до кровот па заби - крвнички! (ВИДЕО)

Кога збирното видео со сите забивања кои се случиле на еден меч трае речиси четири минути, тогаш знаете дека тоа било натпревар во кој никој не играл одбрана, а сѐ било подредени во тоа кој ќе ја забие топката најатрактивно.

Ова се случи на синоќешниот олстар-дуел во Шарлот, каде што тимот на Леброн Џејмс дојде до триумф во пресметката со тимот на Јанис Антетокумпо, кој пак го имаше забивањето на вечерта. По една прекрасна асистенција од паркет, грчкиот ѕвер скока буквално го кровот на салата по што заби крвнички.