Сиромашна вечер во НБА: Одиграни еден досаден и еден ептен - возбудлив меч! (ВИДЕО)

Изминатата ноќ беше една од најсиромашните во НБА-лигата по подолго време, со оглед што се одиграа само два натпревари во кои настапија екипи кои и предизвикуваат најголемо внимание во јавности и на кои немаше поголеми изненадувања.

Милвоки бакс на домашен терен го среди Портланд трејлблејзерс (137-129) и тоа на доминантен начин, имајќи го водството во текот на целиот меч. Најчесто тоа беше изразено со двоцифрена разлика, а само во неколку наврати гостите се приближуваа на едноцифрена негатива. Ерик Бледшо со 30 и Јанис Антетокумпо со 24 поени беа најефикасни кај „елените“, додека Си-Џеј Мекалум со 37 поени беше најпрецизен кај „пионерите“, а воедно и на натпреварот.

 

 

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс, пак, како гости го совладаа Феникс санс (124-121) во средба која беше максимално возбудлива со голем број резултатски пресврти. Во првите три четвртини екипите во неколку наврати се менуваа во водство, додека победникот беше речен дури во последниот период. Дури четворица кај „пеликаните“ имаа двоцифрен поентерски ефект, а предничеа Инграм со 28 и Редик со 26 поени, додека Оубре со 26 беше најефикасен кај „сонцата“.