Синовите на Леброн во историската вечер носеа патики од – Мајкл Џордан (ФОТО)

Ноќта во која Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА, соборувајќи го скоро 40 години стариот рекорд на Карим-Абдул Џабар, долго ќе се прераскажува во спортскиот свет, бидејќи е остварување кое тешко дека би можело да биде достигнато, барем не во следните неколку децении.

Кралот Џејмс го доби сите почести од соиграчите, публиката, официјалните лица и семејството, кое беше крај аут-линијата на средбата на ЛА Лејкерс против Оклахома сити тандерс (130-133). Американските новинари, сепак, забележаа еден детал кај синовите на Леброн, кој го сфатија како скриена порака, иако тоа речиси сигурно е само случајност.

Брони и Брајс Максимус Џејмс внимателно седеа чекајќи го моментот кога нивниот татко ќе го постигне 36. поен, кој му беше потребен да стане најдобар стрелец, носејќи патики од брендот на - Мајк Џордан. Со ова тие ја поттикнаа ионака бурната дебата за тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња, а потегот беше сфатен како глас не за татко им туку за легендарниот бек на Чикаго булс.