Синот го молел Ману Џинобили да не оди во пензија поради – пилешко филе!?

Аргентинската кошаркарска легенда Ману Џинобили неодамна најави дека заминува во пензија по 16 години во НБА и четири шампионски прстени, но и како прв кошаркар кој успеал во кариерата да биде шампион во Евролигата, НБА-лигата и кој освоил златен олимписки медал.

Џинобили ја растажи светската кошаркарска јавност поради одлуката да се пензионира, но најтажен од сите бил неговиот син Нико. И не затоа што нема да го гледа својот татко со портокаловата топка, туку од една друга причина – пилешкото филе домот на Сан Антонио. Џинобили откри како синот го молел да не се пензионира и сите ги изнасмеа.

Џинобили откри дека откако соопштил во семејството дека ќе оди во пензија, синовите прво се израдувале дека почесто ќе одат во Аргентина и дека нема да мора толку често да патуваат, ама потоа на сцена стапил најстариот Нико.

„Рекоа: 'Да, да, да'. И после се јави Нико, мојот најстар син и рече: 'Тато, не сакам да се пензионираш'. Го прашав – зошто? Па продолжи: 'Па знаеш, тоа пилешкото филе во дневната соба (во АТендТ Арената – н.з.) е одлично'“, рече Џинобили.

Аргентинската легенда откри и како се чувствувал кога решил јавно да објави дека заминува во пензија.

„Иако бев сигурен во таа одлука, некако пак ми беше чудно. И сè уште е тешко. Убедени сте, сте разговарале со сопругата и знаете што треба да направите, ама прстите ми се тресеа, и тоа ептен, кога требаше да стиснам ентер за да ја објавам пензијата“, додаде Џинобили.