„Што ќе му подарам на Џордан? Па, некои од моите кози или коњи!“ (ВИДЕО)

Олстарот почна со натпреварот меѓу тимот на Светот и тимот на САД, кој заврши со победа на Американците од 161-144, а во продолжение имаше прес-конференција за медиумите, каде што Никола Јокиќ одговараше на прашања на новинарите.

Едно од нив беше што ќе му подари српскиот центар на домаќинот на Олстарот, Мајкл Џордан, кој во недела го слави 56. роденден.

„Коњ или една од моите кози“, се пошегува Јокиќ.

Што се однесува до мечот меѓу Истокот и Западот, во кој ќе биде на клупата за резерви, српскиот центар смета дека не треба да се предвидува победникот.

„Ќе се обидам да се забавуваме, да ги рушам противниците, зашто најверојатно ќе бидат многу брзи. Сакам да играм против Лука Дончиќ, тоа би било забавно“, вели Србинот.