Шок за ЛА Клиперс: Теодосиќ на раце изнесен од теренот! (ВИДЕО)

Српскиот кошаркарски интернационалец Милош Теодосиќ предвреме го заврши синоќешниот дуел на ЛА клиперс против Феникс, откако во втората четвртина мораше да биде изнесен на раце на соиграчите поради повреда на стапалото.

Дебитантот во НБА незгодно згазна на ногата на Девон Букер, а првичната дијагноза е дека нема скршеница. Теодосиќ денеска ќе биде сниман со магнетна резонанца по што ќе се знае колку ќе паузира.

Клиперси го добија натпреварот со 130-88, а до моментот на повредата Србинот имаше учинок од пет поени и две асистенции.